• петок, 21 февруари 2025

Дваесетина училишта во Унгарија добиле закани со бомби

Дваесетина училишта во Унгарија добиле закани со бомби

Будимпешта, 23 јануари 2025 (МИА) - Најмалку 20 училишта во Будимпешта и неговата околина утринава биле евакуирани поради закани за подметнати бомби, јавуваат унгарските медиуми.

Националната полиција соопшти дека се верува дека заканувачките мејлови доаѓаат од истата адреса, додавајќи дека е отворена истрага.

Премиерот Виктор Орбан рече дека е во контакт со министерот за внатрешни работи во врска со заканите за бомби кои ги добиле неколку училишта низ Унгарија.

„Ќе ја зајакнеме безбедноста на спорните училишта и ќе ги истражиме заканите со бомби“, нагласи Орбан на Фејсбук.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан