• четврток, 04 декември 2025

Гутереш: Мирното решение за Украина мора да го зачува нејзиниот територијален интегритет

Гутереш: Мирното решение за Украина мора да го зачува нејзиниот територијален интегритет

Њујорк, 21 ноември 2025 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на мирно решение за Украина за да се зачува нејзиниот територијален интегритет.

Гутереш го упати својот апел на прес-конференција во Јоханесбург, еден ден пред почетокот на самитот на Г20 таму.

Запрашан за американскиот план за мир во Украина, Гутереш рече дека планот сè уште не е официјално презентиран од Вашингтон или од некој друг.

Таквиот план мора да биде во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право, нагласи Гутереш. мс/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан