Гурмански викенд во Винскиот музеј во Кавадарци
- Манифестацијата е посветена на вкусовите, традицијата и културното богатство на регионот.
Кавадарци, 14 декември 2025 (МИА) - Врвни вина и автентични локални специјалитети понуди гурманскиот викенд што се одржа во Винскиот музеј за регионот „Тиквеш" во Кавадарци.
Директорката на оваа институција, Елизабета Ристова потсети дека станува збор за манифестација посветена на вкусовите, традицијата и културното богатство на регионот.
-Нашата мисија е да ги негуваме винската култура и гастрономските вредности што со генерации се пренесуваат, а токму ваквите настани се можност тие да оживеат пред широка публика. Оваа година реализиравме два значајни проекта, со поддршка од градоначалникот и Совет на Општина Кавадарци и Министерството за култура. Изработката на муралите, што преку уметност ја пренесуваат приказната за нашата винска традиција и ја збогатуваат визуелната атмосфера на просторот. Новата настрешница, што овозможува подобри услови за одржување на настани, дегустации и прием на посетители во текот на целата година. Овие вложувања се доказ дека Винскиот музеј расте и се развива во вистинска насока, нагласи Ристова.
Таа упати голема благодарност до сите учесници, партнери, локални производители и ентузијасти кои ја поддржуваат оваа манифестација. свд/мч/
фото: МИА