• петок, 05 декември 2025

Грант од 50.000 долари за Кавадарци за изградба на велосипедска патека до Тиквешко Езеро

Грант од 50.000 долари за Кавадарци за изградба на велосипедска патека до Тиквешко Езеро

Кавадарци, 11 ноември 2025 (МИА) - Објавен е Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација за финансирање техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина. Кавадарци е една од квалификуваните општини на која ѝ е доделен грант од 50.000 долари, наменет за изработка на техничка документација за основен и урбанистички проект: „Изградба на велосипедска патека до Тиквешкото Езеро“ аплициран од сектор Локален економски развој при Општина Кавадарци, информираше попладнево градоначалникот Митко Јанчев на неговата „Фејсбук“ - страница.

-Овој проект не е само инфраструктура. Тоа е визија за подобар квалитет на живот, развој на рекреацијата и туризмот и поврзување на градот со природата што нѐ опкружува. Целта е да се создаде патека што хармонично ќе се вклопи во околината и ќе стане симбол на одржлив развој на нашиот регион, појасни градоначалникот. свд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан