Градоначалникот Тони Коњановски го посети Домот за стри лица „Сју Рајдер“
- Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски оствари посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“.
Битола, 10 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски оствари посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“.
Од раководството на таа општинска установа, Коњановски беше запознат со условите и услугите кои овој дом ги дава на лицата сместени во Домот, информираа од Општина Битола.
За време на посетата, Коњановски ги честиташе новогодишните и божиќните празници, посакувајќи им здравје на лицата сместени во оваа установа, со што ја продолжи традицијата на празнични посети во ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“-Битола.
мт/сст/
Фото Општина Битола