• петок, 05 декември 2025

Градоначалникот на Дебар секој вторник ќе прима странки во својот кабинет 

Градоначалникот на Дебар секој вторник ќе прима странки во својот кабинет 

Дебар, 17 ноември 2025 (МИА) - Дебарскиот градоначалник, Фисник Меља, почнувајќи од утре, секој вторник во седмицата, ќе прима странки во својот кабинет и тоа од 9 до 15 часот, информираа од Општината.

Тоа, како што наведуваат, е  во рамките на неговите заложби за транспарентност и отворена соработка со граѓаните.

-Овој термин е утврден поради бројните институционални обврски и организацијата на административните работи, со цел да се обезбеди што поефикасна и координирана услуга за граѓаните, додаваат од Општина Дебар.

Граѓаните кои сакаат да остварат средба со градоначалникот, се замолуваат своите посети да ги планираат во рамки на утврдениот термин. вт/ац/

Фото: Општина Дебар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан