Градоначалникот Меља на средби со жители на неколку дебарски села
- Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, заедно со претседателот на Советот на општината, Африм Кркути и други претставници на општинската администрација, денеска беа во посета на неколку населени места, каде непосредно ги слушнаа потребите на жителите.
Дебар, 14 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, заедно со претседателот на Советот на општината, Африм Кркути и други претставници на општинската администрација, денеска беа во посета на неколку населени места, каде непосредно ги слушнаа потребите на жителите.
-Ги посетиме селата Долно Косоврасти, Горно Косоврасти, Могорче, Отишани и Џепиште. Овие посети не беа само формални средби, туку искрени разговори со жителите, семејствата и локалните претставници кои секојдневно придонесуваат за развојот на нашата заедница, информираше Меља.
Додава дека како локална власт остануваат посветени на редовната соработка со граѓаните и одржливиот развој на секој дел од Општина Дебар.
-Преку континуирана работа на терен и отворен дијалог со заедницата, целиме кон зголемена транспарентност, зајакнување на институциите и подобрување на јавните услуги. Секое од овие села има голем потенцијал, вредни луѓе и јасна визија за подобрување на секојдневниот живот, нагласува Меља.
Изразува длабока благодарност за топлиот прием, за "укажаната доверба и за соработката што заеднички ја градиме".
-Како градоначалник на Општина Дебар, се обврзувам гласот на овие заедници да биде слушнат и нивните потреби да го добијат заслужениот приоритет. Инвестициите во инфраструктурата, јавните услуги и економскиот развој ќе останат составен дел од нашата заедничка работа. Ви благодарам за гостопримството, соработката и довербата што ни ја укажувате на овој нов пат. Заедно ќе изградиме пофункционален, порамноправен и понадежен Дебар за секое семејство, порачува Меља во објава на Фејсбук. вт/сст/
Фото: Меља ФБ