• петок, 05 декември 2025

Годишнина од падот на режимот: Привремениот сириски претседател Ал-Шара повика на прослави низ земјата

Годишнина од падот на режимот: Привремениот сириски претседател Ал-Шара повика на прослави низ земјата

Дамаск, 28 ноември 2025 (МИА) - Една година откако бунтовниците ја започнаа својата офанзива против владата на поранешниот сириски лидер Башар ал-Асад, привремениот претседател Ахмед ал-Шара ги повика Сиријците да ја прослават годишнината, пренесе ДПА.

Во изјава за државната телевизија, Ал-Шара ги повика луѓето да излезат на улиците денеска, петок, „за да ја демонстрираат својата радост поради оваа голема битка“.

Ал-Шара им честиташе на Сиријците за годишнината од, како што го нарече, почетокот на битката за ослободување на цела Сирија, велејќи дека таа го соборила „криминалниот режим“ во сите негови форми. Тој повика луѓето да се соберат на централните плоштади за да го демонстрираат националното единство.

Алијансата на бунтовниците, предводена од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), го собори долгогодишниот владетел Асад во молскавична офанзива на почетокот на декември минатата година, ставајќи крај на децениското владеење на семејството Асад. Со земјата сега управува привремена влада, предводена од водачот на ХТС, Ал-Шара. ссм/ми/

фото: ДПА архива

Остани поврзан