• недела, 11 јануари 2026

Годишната инфлација во еврозоната прелиминарно се намали на два процента во декември

Годишната инфлација во еврозоната прелиминарно се намали на два процента во декември

Брисел, 7 јануари 2026 (МИА) - Годишната инфлација во Еврозоната за декември, според прелиминарните податоци, се намали од ноемвриските 2,1 на 2 проценти, соопшти денеска Евростат.

Цените на услугите се зголемија за 3,4 проценти на годишно ниво, (од 3,5 проценти во ноември), а цените на енергијата се намалија со значително побрзо темпо, за 1,9 проценти на годишно ниво наспроти ноемврискиот пад од 0,5 проценти.

Кога станува збор за храна, алкохол и тутун, цените се зголемија за 2,6 проценти на годишно ниво, а цените на индустриските производи за 0,4 проценти. зш/

Остани поврзан