• вторник, 30 декември 2025

Главниот командант на руската морнарица тврди дека САД и ЕУ се подготвуваат за војна со Русија на Арктикот

Главниот командант на руската морнарица тврди дека САД и ЕУ се подготвуваат за војна со Русија на Арктикот

Москва, 9 декември 2025 (МИА) – САД и Европската Унија се подготвуваат за можен воен судир со Русија на Арктикот, тврди командантот на руската Воена морнарица, Александар Моисејев.

Тој ги изнесе овие тврдења за време на презентација на Меѓународниот форум „Арктикот: сегашност и иднина“ во Санкт Петербург, истакнувајќи дека изјавите на западните лидери ги потврдуваат нивните „русофобни расположенија“, јави Тас.

Моисејев особено нагласи дека Финска и Шведска во последните две години се приклучиле на она што тој го нарекува „антируска хистерија“.

- Изјавите на американските и европските воено-политички лидери, кои се однесуваат на арктичкиот регион, ги потврдуваат нивните русофобни расположенија. Во последните две години, Финска и Шведска се приклучија на антируската хистерија. Главните политички изјави констатираат зголемување на темпото на милитаризација на Арктикот и подготовки за можен воен судир во регионот под изговор „одбрана од заканите од Русија и Кина“, рече Моисејев. јт/ссм/

Фото: Министерство за одбрана на Русија

Остани поврзан