• сабота, 22 февруари 2025

Гимназијалката Илина Аровска од Куманово ќе ја претставува државата на Европска женска математичка олимпијада

Гимназијалката Илина Аровска од Куманово ќе ја претставува државата на Европска женска математичка олимпијада

Куманово, 6 февруари 2025 (МИА) - Илина Арсовска, ученичка во втора година во гимназијата „Гоце Делчев“ ќе ја претставува државата на Европска женска математичка олимпијада која годинава ќе се одржи во Приштина, информираа денеска од гимназијата. На натпреварот ќе учествуваат математичари од речиси сите држави од Европа, 60 претставници, но и од Јапонија, Австралија и други земји.

- Беше тешко и напорно да се дојде до оваа позиција. Морав да почнам првин со циклусот натпревари на ниво на градот Куманово општинскиот натпревар, понатаму се пласирав на регионалниот натпревар значи целиот регион, а од таму се квалификував на државниот. Следуваше јуниорската математичка македонска олимпијада на ниво на Македонија и оттаму се избираат учесниците одат на шестото издание на меморијалниот математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“ кој се одржа викендот, на 25-26 јануари 2025 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, изјави ученичката Арсовска.

Таа прв пат се натпреварува на овој натпревар, во категорија сениори. Нејзината менторка, професорката Валентина Каранфиловиќ вели дека таа е најмлад натпреварувач в оваа категорија и иако е втора година на натпреваот на математичката олипмијата ќе има и задачи од четврта година.

-Темелно се подготвуваме, очекуваме медал, изјави професорката Каранфиловиќ.

Арсовска од најмала возраст е вљубеник во математиката. Како што самата раскажува ја мотивирал успехот од првиот натпревар во основно училиште. Таа освојуваше признанија од Куманово, земјава, Европа и добитник е на бронзени и сребрени медали на европско ниво. ам/са/

Фото: МИА

Остани поврзан