• сабота, 22 февруари 2025

Герила акција „Литро крв за потрошувачка кошничка“ во Скопје

Герила акција  „Литро крв за потрошувачка кошничка“ во Скопје

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Герила акција „Литро крв за потрошувачка кошничка“ денеска е организирана во Скопје од Центарот за современи уметности (ЦСУ) по повод бојкотот на маркетите поради енормно зголемените цени.

-Акцијата „Литро крв за потрошувачка кошничка“ е инспирирана од денешните најави за бојкот на маркетите поради енормно зголемените цени во последно време. Секојдневно сведочиме на ценовен хаос и поскапувања кои водат до се поголем пад на животниот стандард. Цените токлу брзо се менуваат што граѓаните се почесто во маркетите се шегуваат со вработените велејќи им „држи ја цената додека да извадам пари“, се наведува во соопштението од ЦСУ.

Со оваа акција,  како што посочуваат, уметници даваат активна поддршка на бојкотот на маркетите и се надеваат дека ваквите акции ќе извршат доволна мобилизација на граѓаните за да се креира притисок кон носителите на одлуки сериозно да се зафатат со проблемот на превисоките цени во маркетите, а и на пазарите (иако земјоделците се соочуваат со исклучително ниски откупни цени на своите производи) и конечно властите да почнат да носат одлуки и решенија во корист на граѓаните, а не на крупниот капитал чиј интерес е единствено профитот.

- На крајот само сакаме да ги потсетиме креаторите на кризи и оние трговци кои спроведуваат не фер трговски практитки дека најлошото место во пеколот е резервирано за алчните трговци, се истакнува во соопштението. дма/са/

Фото: Центар за современи уметности 

Остани поврзан