Герасимовски: Отворена општина за најмладите, градиме одговорни граѓани
- Во Општина Центар се одржаа серија едукативни посети на ученици од повеќе општински училишта, во рамки на наставната тема локална самоуправа.
Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Во Општина Центар се одржаа серија едукативни посети на ученици од повеќе општински училишта, во рамки на наставната тема локална самоуправа.
Како што информираат од општината градоначалникот Горан Герасимовски на четвртоoдделенците им ја доближил работата на општината и начинот на кој функционира локалната самоуправа, им посочил и како се донесуваат и реализираат одлуките што го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.
-Д/ецата внимателно ја следеа презентацијата и со голем интерес поставуваа прашања за надлежностите и работата на општината.„Ми беше чест да им ја доближам работата на Општина Центар на најмладите. Ваквите средби се важни затоа што го поттикнуваат нивниот интерес и свесност за тоа како функционира нашата заедница,“ истакна Герасимовски, се наведува во сооштението.
Во рамки на посетата се реализирала и едукативната работилница „Нацртај го своето стебло“, во соработка со Сојузот на извидници како дел од проектот „Боренка“, со цел подигнување на свеста за значењето на зачувувањето на животната средина и обновата на опожарени подрачја.свс/вг/
Фото: Општина Центар