• петок, 21 февруари 2025

Герасимовски: На Кале го исчистивме сметот, направивме дезинфекција и поставивме нови канти за смет

Герасимовски: На Кале го исчистивме сметот, направивме дезинфекција и поставивме нови канти за смет

Скопје, 9 февруари 2025 (МИА) - Општина Центар соопшти дека комплетно е исчистено едно од маалата во населбата Кале коешто пред една недела беше претрупано со смет, оставено само со една канта за отпадоци и неисчистено од страна на ЈП „Комунална хигиена“. 

Како што наведуваат од Општината, градоначалникот Горан Герасимовски, веднаш презеде акција за чистење при што подигнат е целиот смет, направена е дезинфекција, искречени се ѕидовите и поставени се канти за отпад.

-Нашите општински служби интензивно работат на терен подобрувајќи ја хигиената на територија на Центар. На Кале, го исчистивме сметот, направивме дезинфекција. Откако утврдивме дека има една канта поставивме повеќе канти за отпад и ги искречивме ѕидовите кадешто е позиционирана урбаната опрема за децата. Сега, ова маало има поубав и нов лик. Со акцијата создаваме попријатен простор за живеење, порача Герасимовски.

Во текот на вчерашниот ден била спроведена голема акција за чистење, со подигнување смет, миење на улиците и чистење на клупите на шест локации во централното градско подрачје, додаваат од Општина Центар. вг/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан