• петок, 21 февруари 2025

Герасимовски му додели 10 илјади денари на Валентино Атанасоски за бронзениот медал на јуниорската олимпијада

Герасимовски му додели 10 илјади денари на Валентино Атанасоски за бронзениот медал на јуниорската олимпијада

Скопје, 4 февруари 2025 

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска се сретна со Валентино Атанасоски, ученик во деветто одделение од ООУ „Кочо Рацин“ кој ја претставуваше општината и државата на 21 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Букурешт - Романија кадешто освои бронзен медал.

„Честитки за нашиот Валентино кој освои бронзен медал. За неговиот успех и посветеност, му доделивме финансиски средства во висина од 10.000 денари. Валентино Атанасоски е пример за сите млади, но и за нас возрасните, дека љубовта кон науката, истрајноста и трудот носат признанија секаде во светот. Силна поддршка за нашиот ученик стипендист, нека продолжи да го промовира Центар и Македонија во светски рамки“, изјави Герасимовски.

Општина Центар

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Центар 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан