• петок, 21 февруари 2025

Герасимовски: Исчистен сметот на улицата Славејко Арсов на Водно, обезбедени канти на Кале

Герасимовски: Исчистен сметот на улицата Славејко Арсов на Водно, обезбедени канти на Кале

Скопје, 1 февруари 202 (МИА) - Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Службите на Општина Центар го исчистиле сметот од улицата Славејко Арсов, на Водно, се наведува во општинското соопштение. 

-Акцијата за чистење на смет од центарските улици се одвива без застој. Улицата Славејко Арсов е комплетно исчистена од смет и подигната е хигиената на повисоко ниво. Нашите 120 хигиеничари секојдневно се на терен, работат во две смени со цел обезбедување на чист Центар за сите нас. Им упатувам огромна благодарност што неуморно се вложија во големата акција за чистење којашто трае една недела, откако Град Скопје потфрли. Апелирам до граѓаните да се грижиме за средината, а Град Скопје викендов да го исчисти сметот од улиците кадешто е надлежна за да не се соочиме повторно со истата ситуација од претходниот викенд. Центар не чека, Центар чисти, изјавил Герасимовски. 

Во населбата Кале, се додава во соопштението, обезбедени се шест контејнери за фрлање смет од страна на Општината откако при чистењето и миењето на улиците во едно од маалата на Кале беше утврдено дека имаат само една канта од Град Скопје. ац/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан