• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: Вкупно 138 стипендии доделени во науката, спортот, културата и социјалната поддршка

Герасимовски: Вкупно 138 стипендии доделени во науката, спортот, културата и социјалната поддршка

Скопје, 14 ноември 2025 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели 8 стипендии за ученици кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, се вели во соопштението од Општина Центар, што МИА го објавува интегрално. 

„Секое дете заслужува еднаква шанса. Продолжете да учите, да се трудите и да ги следите своите соништа. Успехот доаѓа кога веруваме во себе и кога не се откажуваме,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Со ова, вкупниот број на доделени стипендии во учебната 2025/2026 година достигна 138, во области на наука, спорт, култура и социјална поддршка.

Општина Центар продолжува да ги поддржува сите ученици кои со своите резултати и успеси покажуваат посветеност, труд и желба за напредок.

 

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан