Гвардиола: Секогаш сме биле послаби од Ливерпул и Арсенал
- Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави што точно се променило во играта на тимот и довело до влошување на резултатите оваа сезона.

Манчестер, 15 февруари 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави што точно се променило во играта на тимот и довело до влошување на резултатите оваа сезона.
-Отсекогаш сме биле послаби во однос на Ливерпул и Арсенал. Претходно, сепак, самоуверено ја контролиравме топката, а сега имаме потешкотии кога ја имаме. Разбирам дека нема да ни биде лесно кога нашите противници ја имаат топката. Но, сега нашиот тим има потешкотии и кога ја има топката! Претходно не беше така, се чувствувавме удобно. Не можам да се променам и не можам да ги направам играчите посилни, побрзи и пофлексибилни за три дена тренинзи. Ова е невозможно, ја сподели Гвардиола својата загриженост.
По 24 натпревари, Манчестер Сити е на петтото место во англиската Премиер лига со 41 бод. Денеска „граѓаните“ се домаќини на Њукасл, а натпреварот започнува во 16 часот. дс
Фото: Архива