Гвардиола: Сезоната дури сега вистински започнува
- Пред натпреварот на Манчестер сити против Њукасл во 12. коло на Премиер лигата, тренерот на „Граѓаните“ Јосеп Гвардиола истакна дека сезоната дури сега навистина започнува.
Њукасл, 22 ноември 2025 (МИА) - Пред натпреварот на Манчестер сити против Њукасл во 12. коло на Премиер лигата, тренерот на „Граѓаните“ Јосеп Гвардиола истакна дека сезоната дури сега навистина започнува.
- Постојат два периода од сезоната: летото, кога завршува преодниот рок, и потоа, кога завршуваат репрезентативните паузи, кои веќе се завршени. Значи, сега ќе се гледаме на секои три или четири дена до март. Значи, сезоната дури сега навистина започнува. Важно е да бидеме блиску до лидерите. Важно е да стигнеме до крајот на сезоната со шанса да ја освоиме титулата. Тоа е нашата цел. Евентуална победа над Њукасл ќе биде важен чекор за нас, изјави Гвардиола за „Goal“.
Арсенал е на врвот на табелата во Англиското фудбалско првенство со 26 бода, додека Манчестер сити е втор со 22 бода.
Натпреварот Њукасл – Манчестер сити ќе се игра вечер со почеток во 18:30 часот. зс/
Фото: ЕПА