• петок, 05 декември 2025

Гвардиола ги пофали играчите на Манчестер сити за нивниот одличен настап против Ливерпул

Гвардиола ги пофали играчите на Манчестер сити за нивниот одличен настап против Ливерпул

Манчестер, 10 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го пофали настапот на својот тим на домашниот натпревар против Ливерпул во 11. коло од англиската Премиер лига.

Натпреварот заврши 3:0 во корист на „Граѓани“. Ерлинг Халанд, Нико и Жереми Доку ги постигнаа головите за Манчестер сити.

- Многу добро прво полувреме, но противникот го засили интензитетот во второто. Малку заборавивме на нашата игра, особено во првите пет до десет минути по паузата. Почнавме да ја губиме топката, а тимаа неколку шанси. Севкупно моите фудбалери изгледаа одлично, покажаа добро темпо со топката и високо ниво на организација во одбраната, рече Гвардиола за „Би-би-си“.

Манчестер Сити го доби четвртиот последователен натпревар во сите натпреварувања и се искачи на второто место во Премиер лигата со 22 бода. 

Следниот натпревар на тимот од „Етихад“ е на 22 ноември против Њукасл. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан