Гаши - Русопулос: Парламентарната соработка е важна за поголема видливост на Советот на Европа во регионот
- Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имал средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, кој престојува во официјална посета на нашата држава по повод 30-годишнината од зачленувањето на земјата во Советот на Европа.
Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имал средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, кој престојува во официјална посета на нашата држава по повод 30-годишнината од зачленувањето на земјата во Советот на Европа.
-Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Советот на Европа ѝ ја дава на Северна Македонија од 1995 година, нагласувајќи дека тридецениското членство претставува потврда на трајната определба за човекови права, демократија и владеење на правото, информира собраниската прес-служба.

Гаши и Русопулос ја истакнале важноста на парламентарната соработка и на заедничките иницијативи што придонесуваат за поголема видливост на Советот на Европа во регионот.
-Претседателот Гаши подвлече дека искуството стекнато преку Советот на Европа е од особена вредност за процесот на пристапување во Европската Унија и дека Собранието ќе продолжи да биде пример за транспарентност, дијалог и посветеност на европските стандарди. Средбата помина во пријателска атмосфера, со заемна согласност за продлабочување на соработката во духот на заедничките европски вредности, се наведува во соопштението. хс/сст/
Фото и видео: Собрание на Република Северна Македонија