Втор протест во Куманово на граѓаните кои работеа во ризични подрачја за ретроактивни даночни решенија
- И денеска по втор пат протестираа кумановци кои со години работеле во американски фирми во Ирак и Авганистан пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово, против ретроактивното оданочување од шестиот месец од 2020 година. Тие побараа правилно утврдување на даночната резидентност, укажувајќи дека биле надвор од државата повеќе од 183 дена, побараа институциите да ги признаат доказите пасоши, печати и потврди од работодавците, ревизија на изготвените решенија, привремено запирање на присилната наплата, како и усогласување на даночната пракса. Тие кажаа дека не бегаат од плаќање даноци, туку бараат правична и законска примена на прописите.
Куманово, 5 јануари 2026 (МИА) - И денеска по втор пат протестираа кумановци кои со години работеле во американски фирми во Ирак и Авганистан пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово, против ретроактивното оданочување од шестиот месец од 2020 година. Тие побараа правилно утврдување на даночната резидентност, укажувајќи дека биле надвор од државата повеќе од 183 дена, побараа институциите да ги признаат доказите пасоши, печати и потврди од работодавците, ревизија на изготвените решенија, привремено запирање на присилната наплата, како и усогласување на даночната пракса. Тие кажаа дека не бегаат од плаќање даноци, туку бараат правична и законска примена на прописите.
Граѓани кои со години работеле и престојувале надвор од државата, меѓу кои и лица ангажирани во меѓународни мисии и високоризични зони, алармираат дека се соочуваат со сериозен институционален проблем поврзан со ретроактивно донесени даночни решенија. Станува збор за решенија кои се однесуваат на 2020 година, а според најавите, ваквата пракса ќе продолжи и за периодот од 2021 до 2025 година. Според печалбарите, даночните решенија пристигнуваат со кратки рокови за плаќање, придружени со камати, што предизвикува сериозна финансиска несигурност, страв и разочарување кај многу семејства.
-Сакаме јасно да кажеме, не сме против плаќање данок, не бегаме од законите, но сме против селективна и неправична примена на закон кој оди на штета на многу семејства. Доставивме докази за долгорочен престој надвор од државата, но, институциите не ги земаат предвид. Институциите признаваат дека немаат целосни податоци за влез излез од државата особено за 2020 година. Се поставува суштинско прашање како тогаш обичните граѓани да докажат нешто што самите институции го немаат. Како луѓето кои работеле во воени конфликти зони како Ирак, Авганистан, дел во Африка да обезбедат докази за таму платените даноци. Ние не ги криевме нашите пари, нашите заработки се слеваа на банкарски сметки, рече Зоран Наковски.
Печлабарите кажаа дека секогаш се консултирале за наплатата, како и дека во 2019-та прашувале дали треба да се плати данок и од самата Управа за јавни приходи им посочиле дека поради отсуството од 183 дена не подлежат на одначување.
Тие нагласија дека ќе испратат петиција и ќе ги известат и американската амбасада и останатите за својот проблем. На Управата ќе и предложат самата да достави официјални барања до владите на Ирак, Авганистан за тамошните платени даноци и најавија протести и во другите градови, укажувајќи дека ќе им се придружат и лица кои по различни основи остварувале приходи од 2020 во други земји, оние кои работеле на брод, како и припадници на Армијата кои биле на мисии.
Велат дека доколку знаеле за законот ќе си одвоиле пари да ги платат данокот, укажувајќи дека голем дел од нивните колеги ги потрошиле спечалените пари, потсетувајќи дека тука се потрошени парите, вложени во Куманово и Македонија.
-Работевме во екстремни и опасни услови со сериозни последици во нашето здравје, а денес сме третирани како да сме сториле нешто незаконско. Бараме конкретни одговори, правна сигурност и држава што ќе застане зад своите граѓани, порачуваат засегнатите.
Најавија и поднесување петиции и дописи до Народниот правобранител, како и до меѓународни амбасади, со цел проблемот да добие институционална и меѓународна видливост.
Инаку, во базите во Авганистан и Ирак за различни компании работеа од 15 до 20.000 кумановци изминативе 24-годии. Вакви даночни решенија примиле од три до 4.000 лица.ам/сст/
Фото МИА