ВРЕДИ: Неконтролираните трошоци на ДУИ ја уништија општина Сарај
- По повеќе од еден месец работа, вистината за тоа како беше уништена Општина Сарај сега е пред граѓаните, се вели во соопштението од ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 12 декември 2025
По повеќе од еден месец работа, вистината за тоа како беше уништена Општина Сарај сега е пред граѓаните, се вели во соопштението од ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално.
Близу 4 милиони евра долгови, сомнителни договори и нерегулирани трошоци се наследството што го пронајде градоначалникот Мухамед Елмази. Ова не е изолиран случај, туку модел на лошото владеење на ДУИ со години секаде каде што имало власт без контрола и без отчетност. Сарај е најчистиот пример за начинот на кој ДУИ управувала со општините, без ред, без одговорност и со логика дека институциите се третираат како лични феуди на нивните групи.
Денес, Сарај започнува од нула, со финансиски ред, со целосна транспарентност и со администрација што работи само за граѓаните. ВЛЕН го поддржува секој чекор на градоначалникот Елмази за документирање на злоупотребите и испраќање на сите случаи до надлежните органи. Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена.
Граѓаните на Сарај ќе ја видат разликата помеѓу она што ДУИ го остави зад себе, долгови, сомнителни договори и хаос, и она што носи ВЛЕН, ред, одговорност и јавна служба.
ВРЕДИ
Фото: МИА архива