Волстрит џурнал: Илон Маск ја предводи групата што се обидува да преземе контрола врз OpenAI со понуда од речиси 100 милијарди долари
- Илон Маск ја предводи инвестициската група која нуди 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира OpenAI, означувајќи нов фронт во неговата „војна“ со производителот ChatGPT, објави Волстрит џурнал.

Вашингтон, 10 февруари 2025 (МИА) - Илон Маск ја предводи инвестициската група која нуди 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира OpenAI, означувајќи нов фронт во неговата „војна“ со производителот ChatGPT, објави Волстрит џурнал.
Адвокатот на Маск, Марк Тобероф, рече дека е доставена понудата до одборот на директори на OpenAI, наведува весникот.
„Не, благодарам, но ние ќе го купиме Твитер за 9,74 милијарди долари ако сакате“, напиша шефот на OpenAI, Сем Алтман во објава на X, очигледно одговарајќи на понудата.
Маск поднесуваше повеќекратни тужби против компанијата со седиште во Сан Франциско, чиј шеф е Алтман.
Маск беше ко-основач на OpenAI во 2015 година, кој стана водечки светски стартап за вештачка интелигенција откако тој замина во 2018 година. Тој го почна во 2023 година својот сопствен стартап за генерирачка вештачка интелигенција, xAI. зш/
фото ЕПА