• вторник, 09 декември 2025

Воена парада во Дамаск по повод првата годишнина од падот на режимот на Башар ал Асад

Воена парада во Дамаск по повод првата годишнина од падот на режимот на Башар ал Асад

Дамаск, 8 декември 2025 (МИА) - На улиците на Дамаск денеска се одржа воена парада на единици на новата сириска армија и безбедносни сили, со нови знамиња и униформи, по повод првата годишнина од падот на режимот на Башар ал-Асад.

Новиот сириски државен врв, предводен од Ахмед ал-Шара, спроведе темелни промени во политичкиот и безбедносниот сектор, модернизирајќи ја армијата врз основа на искуствата од граѓанската војна. На парадата беа прикажани бројни воени возила и оружје набавено од Турција, која е стратешки партнер на новата влада.

Презентирани беа и новите униформи со придружна опрема, при што летаа хеликоптери и воена техника наследена од сириската Народна армија на Асад. Особено значајни беа демонстрираните дронови и поголеми беспилотни летала, произведувани самостојно, иако сè уште во полуиндустриски услови.

Снимките го покажуваат и степенот на уништување на инфраструктурата во Дамаск, која претрпе сериозни гранатирања и бомбардирања за време на граѓанската војна. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан