Во Јужна Африка се одржува воена поморска вежба во формат „БРИКС плус“
- Воена вежба, која ќе трае до 16 јануари е во форматот „БРИКС плус“, во која ќе учествуваат и бродови на Индонезија и Етиопија. Кинески, руски и ирански бродови денеска се забележани како влегуваат излегуваат од главната јужноафриканска поморска база Сајмонс Тауну
Преторија, 9 јануари 2026 (МИА) – Во територијалните води на Јужна Африка денеска почна воена вежба „Волја за мир 2026“, на која учествуваат кинески, руски и ирански бродови.
Воена вежба, која ќе трае до 16 јануари е во форматот „БРИКС плус“, во која ќе учествуваат и бродови на Индонезија и Етиопија. Кинески, руски и ирански бродови денеска се забележани како влегуваат излегуваат од главната јужноафриканска поморска база Сајмонс Тауну.
Армијата на Јужна Африка соопшти дека воената вежба е посветена на морската безбедност и операциите против пиратите и има за цел да ја „продлабочи соработката“.
Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека вежбата ќе се фокусира на заедничка акција за заштита на безбедноста на клучните поморски патишта и економски активности, а ќе вклучува и вежба како што се антитерористичка операција и спасување заложници, како и поморска ударна вежба. ми/ссм/
фото: ЕПА