Во штипските пекарници засега нема зголемување на цената на лебот и белите пецива
- Зголемувањето на цената на струјата нема да предизвика и зголемување на цената на лебот и белите пецива, смета Николче Малинов сопственик на пекарница во Штип. Посочува дека засега има доволни количини на брашно, па како што вели производите во нивните пекарници во наредниот период остануваат со иста цена, како и до сега.
Штип, 10 јануари 2026 (МИА) – Зголемувањето на цената на струјата нема да предизвика и зголемување на цената на лебот и белите пецива, смета Николче Малинов сопственик на пекарница во Штип. Посочува дека засега има доволни количини на брашно, па како што вели производите во нивните пекарници во наредниот период остануваат со иста цена, како и до сега.
-Сега за сега нема некоја информација дека ќе биде зголемена цената на брашното и на енергенсите. Струјата е нешто минимално покачена, но тоа нема да се одрази на цената на производот бидејќи ќе го искалкурираме со некои други заштеди, рече Малинов.
Тој истакна дека на пекарниците од помош е и Законот со кој се овозможува да работат пензионери, а се враќаат и работниците од Хрватска на пример и на тој начин се задоволуваат потребите.
-Веќе се менува и Законот, пензионерите можат да работат и се потпираме на нив, рече Малинов.
Лебот во Штип се продава по цена од околу 30 денари, во зависност од грамажата и квалитетот. вдј/дма/
Фото: МИА