Во Штип одржана дебата „Културен предизвик“
- Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип бараат од културните институции да добиваат информации за културно-уметничките настани на социјалните медиуми кои најмногу ги користат, а тоа се инстаграм и тик-ток, како и да бидат вклучени во креирање на одредени содржини, кои ќе бидат динамични. Овие барања и идеи како културните институции во Штип да се приближат до студентите кои студираат на штипскиот Универзитет, беа презентирани од Александар Величков студент на Факултетот за медицински науки во Штип.
Штип, 10 декември 2025 (МИА) – Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип бараат од културните институции да добиваат информации за културно-уметничките настани на социјалните медиуми кои најмногу ги користат, а тоа се инстаграм и тик-ток, како и да бидат вклучени во креирање на одредени содржини, кои ќе бидат динамични.
Овие барања и идеи како културните институции во Штип да се приближат до студентите кои студираат на штипскиот Универзитет, беа презентирани од Александар Величков студент на Факултетот за медицински науки во Штип.

-Со оваа дебата „Културен предизвик“ всушност ние сакаме да ги предизвикаме сите студенти, сите млади, но од друга страна да ги предизвикаме институциите, УГД, културните институции, како и градот Штип, да понудат што е можно побогата културна содржина за младите, којашто на квалитетен начин ќе можат да ја искористат. Што е она што е важно мора да се креираат содржини, кои се динамични и кои се во тренд со младите, за да можат да го задоволат нивниот вкус и на еден начин апетит и она што е исто важно е да таквата содржини на правилен начин да допре до младите, вели Величков.
Оливер Цацков професор на Факултетот за образовни науки при УГД-Штип истакна дека целта на денешната дебата „Културен предизвик“ е да се направи платформа, односно како што вели , движење за студентите да си го најдат својот културен предизвик.
-Тоа значи дека секоја институција ќе понуди она што може да им го претстави на студентите, универзитетот исто така и целата таа платформа да функционира и најважното е студентите да го пронајдат она што бараат. Предизвикот е отворен и се надевам искрено дека ќе успееме во тоа, вели Цацков.
На денешната дебата присуствуваа претставници од сите културни институции од градот Штип, кои ги презентираа содржините и можностите кои ги нудат за студентите. вдј/дма/
Фото: МИА