• сабота, 10 јануари 2026

Во Центар Жупа гласаа две болни и изнемоштени лица, колку што и беа пријавени

Во Центар Жупа гласаа две болни и изнемоштени лица, колку што и беа пријавени

Дебар, 10 јануари 2026 (МИА) – Во Општина Центар Жупа, правото на глас во домашни услови денеска го искористија  две болни и изнемоштени лица, колку што и беа пријавени.

-До Општинската изборна комисија барање доставија две лица и истите беа прифатени, а денеска гласаа. На изборите на 19 октомври минатата година за да го остварат правото на глас беа пријавени 12 лица, колку што и беа прифатени а гласаа 11 лица, изјави за МИА, Неџип Илјаз претседател на комисијата.

Во оваа општина изборот за градоначалник се повторува поради необезбеден цензус од 1/3  или 33,33 отсто од гласачкото тело, а во трка беа тројца кандидати. 

Сега на гласачкото ливче е само еден кандидат и како што е познато не е потребен цензус. Но, потребно е да добие повеќе од половината гласови од излезените избирачи (50% + 1 глас).

-Ќе се гласа на 16 гласачки места а во единствениот избирачки список запишани се 7562 лица, што е за 11 повеќе од 19 октомври, кога ова право го остварија 21,49 отсто од вкупно запишаните 7551 гласачи. Изборниот материјал е распределен и очекуваме утрешниот изборен процес да мине во најдобар ред, рече Илјаз.

Општина Центар Жупа, која е позната по масовната миграција според последниот попис има 3720 жители. вт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан