Во Тетово се одбележува Денот на ослободувањето
- По повод Денот на ослободувањето на Тетово 19 Ноември, Општинската организација на Сојузот на борци Тетово НОАВМ 1941-1945 и граѓаните-продолжувачи организираат свеченост и чествување на 81 годишнината од ослободувањето на градот во Втората светска војна од фашистичката окупација.
Тетово, 18 ноември 2025 (МИА) - По повод Денот на ослободувањето на Тетово 19 Ноември, Општинската организација на Сојузот на борци Тетово НОАВМ 1941-1945 и граѓаните-продолжувачи организираат свеченост и чествување на 81 годишнината од ослободувањето на градот во Втората светска војна од фашистичката окупација.
Свеченоста ќе се одржи вечер со почеток од 19 часот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, а влезот е слободен.
-Годинава одбележувањето на 81 година од Денот на ослободување на Тетово ќе се одбележи под слоганот „Победа која се памети – Слобода која се чува“. За мултимедијалната свеченост во предвечерието на Денот на ослободувањето на Тетово, најавуваме богата програма со многу изненадувања, вечер која ќе биде забавна, емотивна, топла. Ќе се изведе песна која била забранета над 80 години“, најавуваат организаторите од Сојуз на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи – Тетово.
Утре на самиот Ден на ослободувањето 19 ноември пред Споменикот на Револуцијата во Тетово ќе се одржи и пригодно чествување. Со почеток во 10.30 часот пред Споменикот на Револуцијата, раководството на Сојузот, претставници на институции, граѓани, делегации на здруженија, политички партии и ученици ќе положат цвеќе во чест на извојуваната победа над фашизмот. ас/са/
Фото: ОО СБ Тетово