Во текот на викендот се отстранети 70 кубни метри отпад од диви депонии
- Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар, информираат од јавното претпријатие.

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар, информираат од јавното претпријатие.
Во општината Чаир повторно се реализирани активности на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата „Максут Садик“ се подигнати 25 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште.
Во оваа скопска општина е интервенирано и на две локации на улицата „Џон Кенеди“, каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и градежен отпад.
Во текот на викендот, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и приближно 25 кубни метри мешан комунален и отпад од картонски пакувања одложени на тревна површина долж улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно. сст/
фото ЈП Комунална хигиена-Скопје