Во Струмица почнува одбележувањето на патрониот празник на градот
- Свеченостите за одбележување на патрониот празник на градот - Денот на заштитниците „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, почнуваат попладне со празнична вечерна богослужба во истоимениот храм, а продолжуваат утре со Света архиерејска литургија.
Струмица, 10 декември 2025 (МИА) - Свеченостите за одбележување на патрониот празник на градот - Денот на заштитниците „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, почнуваат попладне со празнична вечерна богослужба во истоимениот храм, а продолжуваат утре со Света архиерејска литургија.
Утре ќе се одржи свечена седница на Советот на Општина Струмица на која традиционално ќе се доделат годишните награди и наградата за животно дело.
Инаку, денеска и утре заради чествување на празникот на градот на улиците кои водат до храмот „Свети петнаесет“ ќе има посебен режим на сообраќај по улиците „Крушевска Република“, „Петти ноември“, дел од улицата „Бетовенова“ и улицата „Славчо Стојменски“. рт/дма/
Фото: Општина Струмица