• четврток, 04 декември 2025

Во поплавите во Тајланд загинаа најмалку 145 луѓе

Во поплавите во Тајланд загинаа најмалку 145 луѓе

Бангкок, 28 ноември 2025 (МИА) – Бројот на жртвите во поплавите што го погодија јужниот дел на Тајланд се искачи на 145.

Повеќе од 1,2 милиони домаќинства и 3,6 милиони луѓе се погодени од поројните дождови и поплавите во 12 провинции во јужен Тајланд. Најпогодена е провинцијата Сонгхла, каде загинаа 110 лица.

Тајландската метеоролошка служба соопшти дека врнежите се намалени, но предупреди дека се можни бури и грмотевици во некои реони. ми/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан