• петок, 05 декември 2025

Во Неготино излезеност од 24,17 отсто до 13 часот, во Демир Капија 34,21, во Росоман 27,10 проценти

Во Неготино излезеност од 24,17 отсто до 13 часот, во Демир Капија 34,21, во Росоман 27,10 проценти

Неготино, 2 ноември 2025 (МИА) - Во Неготино излезеноста е 24,17 отсто до 13 часот, во Демир Капија 34,21, во Росоман 27,10 проценти. Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, во Демир Капија на 11 и во Росоман се спроведува вториот круг од локалните избори на 10 избирачки места. 

Неготинци избираат меѓу Марија Нацева од ВМРО-ДПМНЕ и Петар Мантев од СДСМ. Во Демир Капија се бира меѓу досегашниот градоначалник, Лазар Петров од СДСМ и Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ. Росоманци може да го дадат гласот за досегашниот градоначалник, Стојан Николов од СДСМ или за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски. 

Како што информираат од општинските изборни комисии за МИА, во Неготино право на глас имаат 15.902, во Демир Капија 3.186, а во Росоман 3.295 лица. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан