• петок, 05 декември 2025

Во населбата Моклиште кавадаречко се гради водоводна и канализациона мрежа

Во населбата Моклиште кавадаречко  се гради водоводна и канализациона мрежа

Кавадарци, 4 ноември 2025 (МИА) - Во населбата Моклиште кавадаречко се гради водоводна и канализациона мрежа, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

- Се продолжува со реализација на уште една фаза од проектот финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната самоуправа, во висина од 1 милион евра. Во населбата Моклиште се гради водоводна и канализациона мрежа со вкупна должина од 6,4 километри, како и резервоар со капацитет од 150 м3, со што ќе се обезбеди постојан и квалитетен водоснабдителен и канализационен систем за локалното население но и за новите 400 викенд куќи кои ќе се изградат во оваа населба, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму велат дека Општина Кавадарци продолжува со инвестирање во подобрување на комуналната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан