Во Мексико убиен новинар
- Во мексиканскиот град Поса Рика вчера е убиен новинар од сојузната држава Веракруз, соопштија денеска локалните власти
Мексико Сити, 9 јануари 2026 (МИА) – Во мексиканскиот град Поса Рика вчера е убиен новинар од сојузната држава Веракруз, соопштија денеска локалните власти.
Државната комисија за заштита и поддршка на новинарите соопшти дека го осудува убиството и повика на темелна истрага. Комисијата, согласно законот, го објави само името на убиениот новинар, но локалните медиум објавија дека загинатиот е Карлос Кастро, директор на порталот „Кодиго Норте Веракруз“, кој пишувал и за други регионални медиуми.
Кастро, кој неодамна се вратил во Поса Рика откако неколку месеци поминал надвор од Веракруз поради добиени закани. Тој вчера беше застрелан во ресторан.
Кастро е првиот убиен новинар во 2026 година во Мексико, една од најопасните држави за новинарите. Во Мексико минатата година беа убиени шест новинари и медиумски работници. ми/ссм/
фото: МИА архива