Во манастирот во Рајчица достојно ќе биде одбележан Ѓурѓиц, празник на Георгиј Победоносец
- По повод празнувањето на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во спомен на возобновувањето на неговиот храм во Лида Палестинска – Ѓурѓиц, во неговиот славен манастир во дебарското село Рајчица, ќе има достојно одбележување.
Дебар, 15 ноември 2025 (МИА) - По повод празнувањето на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во спомен на возобновувањето на неговиот храм во Лида Палестинска – Ѓурѓиц, во неговиот славен манастир во дебарското село Рајчица, ќе има достојно одбележување.
Вечерва со почеток во 19 часот ќе се отслужи празнично бдение со Повечерие, Вечерна, Утрена и Први час.
Утре на денот на празникот во 8:30 часот ќе почне Божествена архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, во сослужение со Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.
-Сослужението ќе се оствари со благослов на надлежниот архиереј, Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Молитвите и благословот на свети Георгиј Победоносец да бидат со вас, се посакува во објавата на Бигорскиот манастир. вт/мд/
Фото: Бигорски манастир