• сабота, 22 февруари 2025

Во кумановската гимназија одбележани 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Во кумановската гимназија одбележани 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Куманово, 4 февруари 2025 (МИА) - Повеќе делегации денеска положија цвеќе пред бистата на патронот Гоце Делчев во кумановската гимназија и пригодно ги одбележаа 153-те години од раѓањето на патронот на ова училиште, револуционерот и визионерот, Гоце Делчев.

Ученици, граѓани ја одбележаа годишнина од раѓањето на великанот на револуционерната борба Гоце Делчев. Пред бистата цвеќе положија претставници на училиштето, Општината, Советот, политички партии, невладини организации, граѓани.

Директорката на гимназијата Марија Тодоровска, посочи дека училиштето достојно го носи името на револуционерот Гоце Делчев, учениците постојано учествуваат на светски, европски натпревари каде освојуваат високи признанија по различни предмети.

- Тој остави голем аманет за нас,  да продолжиме со неговите мисли, да се натпреваруваме на секое културно поле и ние како училиште продолжуваме со натпревари на сите нивоа. Успесите кои ги постигнуваат нашите ученици, нашите наставници, резултира со учество на натпревари и на меѓународно и светско ниво, како доказ дека навистина станува збор за значаен успех за нашето училиште кое гордо го носи неговото име. Особен гордост деновиве за училиштето, е пласирањето на ученичката Илина Арсовска на Европската женска математичка олимпијада. Наскоро ќе бидеме домаќини на регионални натпревари по математика и други природни науки, изјави директорката на училиштето, Марија Тодорвска.

Пред присутните во дворот на гимназијата, учениците прочитаа творби во чест на визионерот. ам/цр


Фото: МИА

Остани поврзан