• сабота, 10 јануари 2026

Во Корча отворена изложба на фотографии "Пустец, природа, наследство, живот"

Во Корча отворена изложба на фотографии

Корча, 10 јануари 2026 (МИА) - Во уметничката галерија „Гури Мади“ во Корча, отворена  е изложба на фотографии на тема „Пустец, природа, наследство, живот“, што претставува визуелно патување низ Преспа и меѓу македонската заедница во Пустец, преку објективот на уметникот Роланд Беќирај, објави електронското издание на весникот "Македониум".

Изложбата ѝ нуди на публиката автентични портрети, впечатливи пејзажи и посебни детали од традицијата и културата, кои го отсликуваат духот, секојдневниот живот и идентитетот на македонската заедница во Пустец. 

Преку фотографиите, посетителите имаат можност поблиску да се запознаат со природното и културното наследство на овој особен дел од Преспа.

Изложбата е реализирана од Центарот "КАЗУС" во рамките на проектот „Македонското малцинство во Пустец, наследство од генерација на генерација“, со поддршка на Агенцијата за поддршка на граѓанското општество.

На настанот присуствуваа и претседателот на округот Корча, Петрика Толкучи, како и заменик-градоначалникот на Општина Пустец, Атанас Плоча.

И двајцата ја истакнаа важноста на ваквите иницијативи за зачувување и промоција на културното наследство и идентитетот на македонското и другите малцинства во Албанија. вт/ра

Фото: весник "Македониум

 

Остани поврзан