• петок, 03 мај 2024

Во контејнер со ѓубриво на атинското пристаниште Пиреас откриена голема количина листови кокаин

Во контејнер со ѓубриво на атинското пристаниште Пиреас откриена голема количина листови кокаин

Атина, 25 април 2024 (МИА) – Царинските инспектори на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) на пристаништето Пиреас откриле голема количина листови кокаин во контејнер со вештачко ѓубриво, што стигнал од Еквадор со крајна дестинација Хрватска, јави дописничката на МИА од Атина. 

Како што соопштија од ААДЕ пратката била пријавена како ѓубриво, при рендгенската контрола било констатирано постоење на вреќи со материјали со различна густина, по што примероци биле испратени на хемиска анализа и бил откриен кокаин.

Биле запленети 500 вреќи со бруто-тежина од 10 тони и 500 килограми, кои содржеле ѓубриво помешано со сурови струготини од листови кокаин и 400 вреќи ѓубриво со бруто-тежина од 14 тони, користени како средство за прикривање во внатрешноста на контејнерот. 

Од Независната управа за јавни приходи на Грција истакнаа дека „истрагата продолжува за идентификација на лицата инволвирани во трговијата со големи количества наркотици како во Грција така и во Европската Унија“. ср/

Фото: Независната управа за јавни приходи на Грција 

Остани поврзан