• петок, 05 декември 2025

Во карбинското село Долни Балван се гради одводниот канал Герен

Во карбинското село Долни Балван се гради одводниот канал Герен

Карбинци, 6 ноември 2025 (МИА) - Во тек е изградбата на одводниот канал Герен во селото Долни Балван, еден од најголемите инфраструктурни проекти во Општина Карбинци.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, денеска изјави дека со реализацијата на овој проект се решава долгогодишниот проблем со отпадните води и се уредува централното подрачје на населеното место.

Проектот предвидува и изградба на мал плоштад, кој ќе му даде нов, урбан изглед на селото. Проектот чини шест милиони денари и е целосно финансиран од Владата преку Министерството за животна средина и со средства од унгарскиот кредит.

-Го реализираме еден од поголемите проекти во Општина Карбинци, се работи за проектот канализирање, уредување на одводниот канал Герен во ова населено место. Проект којшто ќе има цел да го уреди самото место каде што се движат овие отпадни води во потегот на централното подрачје населено место Долни Балван. Но, другата цел е да го доуредиме и да го постигнеме оној урбан лик што го посакуваме во ова урбано населено место, со тоа што ќе биде изграден и еден мал плоштад или едно урбано уредување покрај самиот овој одводен канал. Се работи за проект којшто го спремивме со целосно техничка документација на Општина Карбинци, одобрение за градба, како и успеавме еве да добиеме финасирање од страна на Владата преку министерството за животна средина и преку оние средства од вториот повик од унгарскиот кредит, коишто беа објавен пред извесно време, изјави Паунов.

Тој додаде дека во Општина Карбинци ќе се продолжи со вложувања во подобрување на локалната инфраструктура и животната средина. вдј/хс/

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан