Во Кавадарци панел дискусија на тема „Болести на зависност, причини и последици, алкохолизам, наркоманија, пушење“
- Панел дискусија на тема „Болести на зависност, причини и последици, алкохолизам, наркоманија, пушење“, се реализира во Кавадарци, во градската библиотека „Феткин“, во организација на Црвен крст на РСМ - Општинска организација Кавадарци.
Кавадарци, 13 ноември 2025 (МИА) - Панел дискусија на тема „Болести на зависност, причини и последици, алкохолизам, наркоманија, пушење“, се реализира во Кавадарци, во градската библиотека „Феткин“, во организација на Црвен крст на РСМ - Општинска организација Кавадарци.
На темата говорат стручни лица, доктор специјалист од ЈЗУ Општа болница, инспектор од ОВР Кавадарци и социјален работник од меѓу општински центар за социјални работи. Целна група се околу 60 ученици од трите средни училишта во градот.
- Во рамките на одбележување на месецот на борба против болестите на зависност, ја организираме оваа панел дискусија. Темата предизвика голем интерес помеѓу младите кои имаат и свои прашања кон предавачите. Се надеваме дека со оваа панел дискусија како и со други врснички едукации, ќе го подигнеме степенот на информирање кај младите за штетното влијание на овие пороци, како по здравјето на младата личност, така и со последици врз нејзиното семејство, рече Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци. свд/
Фото: МИА