• петок, 05 декември 2025

Претставена приспивната песна  „Нежни и слатки сништа“ на „Бекутан“ и Хана Хуљиќ Грашо

Претставена приспивната песна  „Нежни и слатки сништа“ на „Бекутан“ и Хана Хуљиќ Грашо

Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) - Водечкиот бренд за нега на деца, „Бекутан“ (Becutan), во соработка со Хана Хуљиќ Грашо, во Загреб ја претставија „Нежни и слатки сништа“, како нова, посебна приспивна песна. На промоцијата, меѓу многубројните мајки и бебиња, учествуваа и Петра Гајшак, како модератор; Маша Гавраниќ - најмладата водителка; здравствениот педагог и психотерапевтка Ката Лојтар и Хана Хуљиќ Грашо - музичарка и мајка на две деца.

„Приспивните песни го пренесуваат чувството на нежните и меки допири коишто раскажуваат најубави сказни, смируваат и даваат чувство на сигурност и на поврзаност на родителот и детето. Преку нив се поврзуваат емоционалниот и когнитивниот физички развој. Приспивната песна создава посебен момент на поврзаност меѓу родителите и бебето, на тој начин овозможувајќи чувство на сигурност, љубов и на смиреност“, се вели во соопштението.

- Музиката за приспивната песна на „Бекутан“ (Becutan) настана во еден здив. Првите асоцијации ми беа нежноста, љубовта и мирисот на детството. Сите тие емоции додека растев, на кои и самата се сеќавам од сопственото детство и од „Бекутан“, се обидов да ги пренесам во песна, па така се роди приспивната песна „Нежни и слатки сништа со ’Бекутан’“. Им пеам приспивни песни на своите деца, па верувам дека и оваа ќе си го најде својот пат во тие посебни моменти за мајката и за детето, изјави авторката Хуљиќ-Грашо.

Водителката Петра Гајшак вели дека приспивната песна на „Бекутан“ е нешто што им треба на сите родители.

- Нежна, мелодична, лесна за помнење и, најважно, прекрасно испеана приспивна песна, а такви нема многу. Потекнувам од големо музичко семејство, ние сме пет деца, а дома секогаш се пееше нешто... Па кога станав мајка, ми дојде некако природно да им запеам на своите деца пред спиење, а иако сега тие се веќе големи, знаат понекогаш да се присетат на нашата приспивна песна и да ме замолат да ја испеам. Можете само да замислите колку пати сум морала да ја испеам кога беа мали штом и сега со 14 и со 10 години ја знаат без грешка. Сигурна сум дека исто ќе биде и со оваа приспивна песна на Becutan и дека децата ќе ја пеат со генерации, истакна Гајшак.

Педагогот Ката Лојтар рече дека, да се биде мајка - значи да се живее во најинтензивната лабораторија на љубовта, трпението и растот.

- Од перспектива на психотерапевт и претприемач, секогаш велам: одморот не е луксуз, туку предуслов за присуство, креативност и за емоционална отпорност. На нашите деца не им требаат совршени, туку стабилни, нежни и одморени родители. Приспивна песна како оваа не е само момент за детето – тоа е и повик за нас возрасните да го забавиме темпото, да вдишеме и да си дозволиме себеси да бидеме најважни. Кога детето тоне во сон, и ние можеме да си го пронајдеме својот мал мир. А во свет кој ја слави брзината тоа е најхрабриот чин на љубов, истакна Лојтар, здравствен педагог и психотерапевт.

„Бекутан“ (Becutan) е бренд којшто речиси 50 години е дел од секое семејство, со традиција и вредности што се пренесуваат од генерација на генерација и со нагласка врз безрезервната поддршка за сите предизвици на родителството со коишто родителите секојдневно се соочуваат. „Бекутан“ ги негува и ги поддржува вистинските вредности, каде што семејството и грижата за најмилите се најважни.

Производите на „Бекутан“ се клинички и дерматолошки тестирани и развиени во соработка со педијатри и дерматолози. Формулацијата на сите производи е создадена според уникатен рецепт. Изразено благата и нежна крема ја штити и ја негува кожата, а притоа придонесува за јакнење на нејзината заштитна функција. Производите на „Бекутан“ се произведуваат во висококонтролирани услови на производство и примена на стандардите „ГМП“ (Good Manifacturing Practice), како и на стандардите ИСО-9001 и СО-14001 за квалитет. Сите формулации на производите се усогласени со Европската директива за квалитет на козметичките производи наменети за децата.  си/са/

Фото: Испратено од организаторите.

Остани поврзан