• четврток, 04 декември 2025
Интегрални крекери

За грицкање без грижа на совест..

 

 

Состојки:

  • 100 грама интегрално брашно
  • 50 грама овесни снегулки
  • 30 грама мешано: сончоглед, лен, сусам
  • 50 мл масло
  • една жолчка
  • 1/2 лажичка сол
  •  една лажичка прашок за пециво
  • 3-4 лажици јогурт

Подготовка:

Измелете ги овесните снегулки во блендер (не до крај, само додека не се ронат). Во сад измешајте ги овесните снегулки и мешавината од семки , додадете брашно, прашок за пециво, сол и мешајте неколку пати. Додадете масло и жолчка и мешајте додека не се соедини,. а на крај додадете јогурт. Истурете ја смесата на работната површина и месете го тестото. Ако тестото е многу лепливо, додадете само малку брашно, а ако не се соединува, додадете малку јогурт. Ставете го тестото во фрижидер 10-15 минути. Развлечете го тестото до дебелината што ја сакате,  малку ќе нарасне додека се пече. Исечете форми по желба и печете на 180-190 степени околу 10-12 минути. Наросете со мешавината од семки.

 

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан