Во Битола заседаваше Општинскиот кризен штаб
- Поројниот и континуиран дожд во Битола е причина за свикување на седница на Општинскиот кризен штаб со кој денес претседаваше претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојскоски.
Битола, 19 ноември 2025 (МИА) - Поројниот и континуиран дожд во Битола е причина за свикување на седница на Општинскиот кризен штаб со кој денес претседаваше претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојскоски.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека сите членови на штабот ја следат состојбата со дождот кој и понатаму паѓа и презедоа обврска за максимална подготвеност за интервенции доколку тоа е потребно.
Во моментов превентивно се делува на Ротинска Река кај селото Цапари, како и на други населени места во пограничниот регион, односно Карамани, Лажец, Лера, Меџитлија, браната Стрежево, Породин и Жабени.
Превентивни мерки спроведени се и на патниот правец од градот кон хотелот Молика на Пелистер, посочија од Општина Битола.мт/вј/
Фото: Општина Битола