• вторник, 30 декември 2025

Во Берово одржана показна вежба за постапување при сообраќајна незгода со повредено лице

Во Берово одржана показна вежба за постапување при сообраќајна незгода со повредено лице

Берово, 9 декември 2025 (МИА) - Показна вежба за постапување при сообраќајна незгода со повредено лице денеска во Берово, кај поранешната Автобуска станица, спроведоа полициските службеници од Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај и Полициската станица од општа надлежност - Берово во содејство со Здравствен дом Берово, ТППЕ Берово, Доброволно противпожарно друштво Пехчево и Црвениот крст.

Беше прикажана сообраќајна незгода со учество на две моторни возила при што во едното возило имаше едно повредено и контактибилно лице.

-По добиената пријава на местото на настанот најпрво пристигнаа полициските службеници од ПО за БПС кои по извршениот првичен увид утврдија дека се работи за незгода со повредено лице. Веднаш беше известена дежурната служба при ОВР Берово со барање да ги информираат надлежните служби: Здравствен дом Берово, Територијалната противпожарна единица, Доброволното противпожарно друштво Пехчево и Црвен крст Берово, информираа организаторите.

Полициските службеници од ОВР Берово, како што додадоа, останале на лице место се до пристигнување на другите служби, со цел целосно обезбедување на просторот, насочување на сообраќајот и спречување пристап на неовластени лица

Активностите продолжија до целосното завршување на показната вежба, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и навременото реагирање при незгоди, надлежните апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, трпеливи и одговорни. Во случај на сообраќајна незгода, секогаш веднаш да го пријават настанот, да го обезбедат местото според можностите и да овозможат непречен пристап на службите за итна интервенција. вс/мч/

фото: МИА

Остани поврзан