ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС глумат загриженост, сите одговорни ќе бидат изведени пред лицето на правдата
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 23 јануари 2025
Додека Филипче и СДС се обидуваат да глумат загриженост, мрежата на мафијата на смртта која тие ја создадоа и одржуваа, конечно се расплетува. Тоа не се обични пропусти – тоа е свесно дозволување луѓе да умираат за некој да ќарува. Ова не е политика, ова е чист криминал!
СДС и нивниот министер за здравство со години дозволуваа профити да се вадат на грбот на најтешко болните, додека во исто време купуваа мебел, коли и трошеа милиони на луксузни патувања. Во здравството оставија недостаток на терапија, хаос во клиниките и систем кој ги принудуваше граѓаните да молат за донации за да преживеат.
Ги прашуваме СДС и Филипче – со кои факти ќе се соочите? Фактот дека луѓе умираа додека вие носевте одлуки што директно го загрозуваа нивниот живот? Или фактот дека вашиот систем заработуваше на сметка на болката и страдањето?
Вистината е јасна – Филипче и СДС беа незаменлив дел од мафијата која ги уништи животите на стотици граѓани. Вие не сте загрижени за здравјето на граѓаните – вие сте загрижени дека правдата конечно ќе ве стигне.
Оваа Влада нема да дозволи мафијата на смртта да продолжи да функционира. Сите одговорни, без разлика на функцијата, ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Реакција на СДСM
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива