ВМРО-ДПМНЕ: Оваа СДСМ е истата партија од претходно, која молчеше за криминалите на Артан Груби
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 21 јануари 2025
СДС е безгласна буква. СДС на чело со Венко Филипче дословно и без да гукне ги извршува политиките на неговите претходници, Зоран Заев и Димитар Ковачевски слугувајќи на ДУИ и Артан Груби.
Филипче никако не може да излезе од нивната сенка и нема храброст да се извини за криминалните коалиции, за кои сеуште се држи, и за криминалот на Груби кој месец дена ја тресе македонската јавност.
Венко Филипче не смогна сили да се извини ни зошто МВР, на чело со Оливер Спасовски во владата на СДС, со години не преземала ништо за да ги спречи неговите криминални дела.
Не само што не го спречиле криминалот на Груби, МВР на чело со Спасовски не покрена ниту постапка за негово кривично гонење и соочување со лицето на правдата.
Венко Филипче и ова раководство на СДС, составено од третиот и четвртиот ешалон од времето на владеењето на Заев, уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со неговите претходници.
Во СДС ништо се нема сменето. Таму се е исто, дури и Зоран Заев го има, и ова СДС е континуитет на правените седум годишни криминали и препознатлива по измеќарството кон ДУИ.
Седумгодишните криминали, предавството на националните интереси и слугувањето на претходните раководства кон ДУИ и Артан Груби, се едни од главните причините кои СДС го доведоа до историски најголемиот изборен пораз.
И ако Филипче не собере сили да се извини прво за Артан Груби, а потоа за се останато, со сигурност СДС ќе го бетонира на дното на македонската политичка сцена.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива