ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС метастазирал и во Клиниката за дерматологија, ЈО да истражи дали дел од парите од наплатените приватни услуги завршувале и во приватни џебови
- Соопштение

1 февруари 2025
Криминалот на СДС за време на седумгодишното владеење нема пора во општеството каде не се проширил.
Малигниот криминал на кадрите на СДС, метастазирал дури и во најсуштинските гранки на општественото делување, како што е здравството.
Последната метастаза на криминалот на СДС е дијагностицирана во Клиниката за дерматологија.
Кадрите кои СДС ги постави за раководство на клиниката наплаќало услуги од пациенти и за тоа не поднесувале извештај во Министерството за здравство. И сето ова го констатира Државниот завод за ревизија во Извештајот изготвен во 2024 година, за работата на клиниката во периодот од 2023 година.
Клиниката за дерматологија секако има право да дава услуги на пациенти кои пациенти кои плаќаат со лични средства и на странци во делот на козметологија, но за тоа е потребно на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството и тоа, за обемот и видот на извршените здравствени услуги.
Исто тоа, Клиниката овој тип на работа, односно давањето на здравствени услуги кои пациентите ги плаќале приватно, го извршува без согласност од Министерството за здравство.
Дополнително, ДЗР констатира Клиниката немала одобрен ценовник од Министерството за здравство врз база на кој ќе ги дава и наплаќа здравствените услуги.
Со сето ова дадени услуги наплатени приватно со парите на граѓаните, Клиниката ги наплаќала незаконски.
За сето ова го повикуваме Јавното обвинителство да постапи по Извештајот на ДРЗ кој констатира низа на пропусти и злоупотреби и да ги истражи истите овие наводи.
ЈО треба да отвори истражна постапка како се наплаќале парите, колку се наплаќало, каде завршиле и дали дел од парите завршувале и во приватни џебови.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.