• сабота, 22 февруари 2025

Вицепремиерот Фетаи се сретна со амбасадорката Филипиду

Вицепремиерот Фетаи се сретна со амбасадорката Филипиду

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Заменик претсеателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретна со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, со која разговараше за можностите за соработка, информираат од неговиот кабинет.

Вицепремиерот Фетаи информирал за досегашната работа на кабинетот и за идните активности во областа на борбата против корупцијата, транспаретноста и обновување на соработката со невладиниот сектор.

Тој особено ја истакнал важноста за раководењето со Меѓуресоркото тело за координација на активностите против корупцијата и спроведување на Стратегијата за транспарентност.

Амбасадорката Филиподу, пак, изразила благодарност за досегашната соработка и подготвеност да се искористи инструментот ТАЕКС за јакнење на капацитетите на кабинетот за постигнување на приоритетните цели. сст/ац/

Фото: Кабинет на вицепремиерот Арбен Фетаи

Остани поврзан